Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 32-28 на првиот меч на „Жолтиот куп“ што се одржува во Винтертур, Швајцарија, во кој нашата национална селекција за противник го има националниот тим на Бахреин. Резултатот делува сигурно, но треба да се истакне дека противникот речиси 50 минути парираше, а нашите ракометари дури во финишот го скршија отпорот на Бахреин, се одлепија резултатски и рутински го приведоа мечот до крај. Победите секогаш се слатки, но во овие подготовки акцент се става врз играта, а во неа селекторот Лазаров сигурно ќе најде простор за корекции на осум дена пред премиерниот меч на ЕП 2026.
Македонија диктираше темпо од самиот почеток, па по десетина минути игра нашите ракометари имаа прдност од 5-3. На половина од првото полувреме нашата предност изнесуваше 7-5 со голот на Џонов во ситуација кога имавме ирач повеќе на теренот. Марко Митев имаше извонредно додавање до Аларов за 8-5, а Митревски блесна на голот со одбранет зицер при предност од 9-6. Македонската репреззентација го контролираше темпото, Георгиев постигна гол од полуконтра и изнуди исклучување за 11-7, а во 25. Минута прецизен беше и Стојковиќ за водство од 13-9. „Црвено-жолтите“ на три минути до крајот имаа водство од 14-10 и напад, но дојде до пад во концентрацијата што Бахреин го искористи за да намали на 14-12. Лазаров зеде тајмаут, Атанасијевиќ го реализираше последниот напад на Македонија, но на спротивната страна примивме гол со звукот на сирената (15-13), и тоа по одбиена топка откако Митревски го одбрани првиот обид на противничките ракометари.
Митревски, кој имаше седум одбрани во првото полувреме, во вториот дел му го отстапи своето место на Мартин Томовски. Тој вееќе во првиот напад успеа да ги запре противниците, а на спротивната страна Самоил Ристевски стрелаше прецизно за 16-13. Бахреин не се преедаде и намали на 16-15, потоа и на 17-16, а во 38. минута резултатот беше израмнет на 18-18. Кузмановски погоди за 19-18, но проблемите во одбраната продолжжија и Бахреин две минути подоцна поведе со 19-20. Ја вративме сигурноста во нападот, преку Кузмановски стигнавме до предност од 22-21, резултат при кој противничкиот селектор побара тајмаут.
Нашата одбрана се врати на посакуваната цврстина, Георгиев на спротивната страна даде мајсторски погодок за 23-21, а Лазаров побара тајмаут на десет минути до крајот, при наше водство од 26-24. Одигравме одлична акција со играч помалку што Никола Маркоски ја претвори во погодок за 27-24, по што следеа и два брзи погодоци на капитенот Кузмановски за најубедливи 29-24. Неколку минути подоцна имавме и најубедливи „плус седум“ (32-25), но противникот подобро го финишираше мечот и на крајот овој дуел заврши со конечни 32-28.
Македонија во рамките од второто коло утре ќе се сретне со Украина, која во денешниот премиерен меч на „Жолтиот куп“ беше убедливо поразена од домаќинот Швајцарија со 38-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

