Репрезентацијата на Македонија до 17 години, претрпе уште еден, втор пораз од селекцијата Кипар во пријателски натпревар. Денеска Кипраните ја совладаа нашата селекција поубедливо со 3-0, на мечот одигран во Радовиш, и ја остварија втората победа, после онаа од 1-0 во вторникот.
Кипар го отвори резултатот во 28. минута преку Христодулидес. Резултатот од 1-0 беше актуелен по првиот дел.
Во второто полувреме во 56. минута Герасиму зголеми на 2-0. Во судиското надополнување од натпреварот, Неофиту успеа да постигне и трет гол за Кипар, за конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

