Репрезентацијата на Македонија до 14 години на 10 и 12 мај договори два контролни меча против селекцијата на Словенија.
Новиот селектор на репрезентацијата на Македонија до 14 години, Раде Каранфиловски, за двата претстојни контролни средби се одлучи на следниве фудбалери:
Голмани:
Антониј Трајковски (ССК – Скопје), Павел Грбевски (Вардар), Александар Трајков (Академија Пандев), Александар Трајков (Академија Пандев)
Одбрана:
Ристе Стоилов (Академија Пандев), Матео Кесиќ (Вардар), Благојче Аговски (Работнички), Христијан Јефтовски (Вардар), Албан Рочи (Јанг Тим), Данило Делев (Форца)
Среден ред:
Давид Ангелевски (Талент), Габриел Талески (Тони), Лорент Жаку (Јанг Тим), Ненад Дамјаноски (Македонија Ѓ.П.), Беким Дархишта (Албарса), Матеј Сејменов (Академија Пандев), Стефан Секирски (Талент), Гоце Петрески (Тони), Беркан Зумбери (Фортуна – Скопје), Стефан Бујароски (Еурофудбал), Душан Бојовиќ Заев (Вардар), Алек Сиваков (Талент)
Напад:
Влатко Кркачоски (Еурофудбал), Флори Идризи (Шкендија), Дамјан Талаков (Борец)
Овие контролните натпревари ќе бидат одиграни на стадионот во Умаг, Хрватска. Првиот мен на програмата е најавен на 10 мај со почеток од 17.00 часот, додека два дена подоцна против истиот противник играме од 11.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА