Младата репрезентација на Македонија до 15 години го одигра првиот од двата предвидени контролни средби против соодветната селекција на Црна Гора. На тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Дашмир Беар одиграа нерешено 1-1.
По едно полувреме им припадна на двете селекции. Македонија беше подобар противник по првите 45. минути. Неколку добри прилики не успеавме да реализираме. Во 45. минути сосема заслужено водство на нашите млади фудбалери. Хисар Али погоди за предност од 1:0.
Во продолжението од средбата противникот успеа да го израмни резултатот. Максим Џукиќ погоди во 75. минута и ги постави конечните 1:1
Македонија: Онур Бешир, Игор Ристов, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Камечно Андоновски, Беркај Шаини, Албион Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА