Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години стигна до триумф од 2-0 против Молдавија во третиот натпревар од турнирот што се игра во Скопје, но пласман во елитните квалификации ќе чека како третопласирана селекција во групата. Избраниците на Станиќ ќе треба да бидат една од четирите најдобропласирани трети селекции од вкупно 13 групи, за да остварат пласман во елитните квалификации.
Инаку, Македонија ги заврши квалификациите во групата со 5 бода, и гол разлика (2-0), а само поради еден постигнат гол повеќе Словачка (3-1) се најде на втората позиција. Селекцијата на БиХ е првопласирана, исто така со 5 бода, и гол разлика (5-1).
Првиот погодок на денешниот меч против Молдавија, македонските фудбалери го постигнаа уште во шестата минута. Стрелец беше Владан Новевски, кој постигна убав гол шутирајќи од 20 метри. На 2-0 зголеми Ване Тасевски во 67.минута, кога најдобро се снајде во петерецот по корнерот што го изведе Новевски. Но, на Македонија и беше потребен и трет гол за да најде на втората позиција, со оглед дека Словачка и БиХ ремизираа (1-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА