Македонија У18 влегува во серија – триумф и над Швајцарија

Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години во женска конкуренција ја запиша и втората победа на ФИБА „Челинџерот“ кој се игра во Бугарија. По воведните дебакли избраничките на Антиќ по победата над Албанија сега запишаа и победа од 68-67 над Швајцарија.

Нашите девојки подобро го започнаа натпреварот и веќе по 10. минути игра имаа предност од 20-5, а добрата игра продолжи и до полувремето до кое Швајцарките само минимално ја намалија високата предност на „црвено-жолтите“ (35-23).

По пазуата следеше пад во играта на нашата репрезентација, а тоа го искористи Швајцарија која со серија од 19-5 го превзема водството, а на шест минути до крајот на мечот нашите кошаркарки имаа и негатива од седум поени (55-62).  Избраничките на Антиќ во вистински момент ги консолидираа своите редови, заиграа на претпознатливото ниво од првото полувреме и бргу ја смалија негативата, а потоа и славеа во незивесна завршница благодарение на мирната рака на Чолакоска.

Марија Димитријевиќ со 20 поени, 6 скока и 5 асистенции беше предводничка на Македонија, додека неа ја следеше Ива Чолакоска со 17 поени и 5 скока. Мартина Блажевска забележа 14 поени и 7 скока, додека како двоцифрена со 13 поени и 7 асистенции натпреварот го заврши и Нина Зафирова.

Се вчитува...