Македонската фудбалска репрезентација до 19 години, одигра нерешено 1:1 против Молдавија во последното коло во квалификацискиот турнир во Холандија, и со два бода ги заврши овие квалифкации на третото место.
Македонија губеше по првиот дел во 21. минута откако Молдавците поведоа со голот на Роска. Танчев израмни на 1-1 во 55. минута од средбата, но на крајот немаше сили за пресврт.
Со ова реми, Македонија собра два бода (загуби од Холаднија и одигра нерешено со Фарски Острови) ќе игра во Лигата Б. Во Лигата А оди Холандија која ги заврши натпреварите со девет бода и без примен гол со осум постигнати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

