Македонската репрезентација до 20 години предводена од Александар Таневски, стигна до триумф од 3-0 на гостувањето кај Лихтенштајн. Сите голови македонската селекција ги постигна во вториот дел.
Резултатот беше отворен во 52. минута преку Величковски. Пет минути подоцна Данев успеа да ја зголеми предноста на македонската репрезентација.
Данев вториот гол го постигна во 78. минута од средбата, кога погоди од слободен удар, поставувајќи ги конечните 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

