Македонија вечерва од 20:45 часот во 5. коло од Лигата на Нации против Летонија може да го запечати првото место на табелата. Летонците пред еден месец „потклекнаа“ пред Македонија и тоа во Рига, а сега следува реваншот во Скопје.
Македонскиот национален тим се очекува сосема офанзивно да тргне уште од самиот старт, во победа над Летонците. Така селекторот Боби Милевски нема многу да менува кога станува збор за формацијата, но ќе има измени во играчкиот кадар.
Чурлинов се очекува да се врати во стартниот тим, а двете дилеми на селекторот се дали Димоски или Ашковски на десната страна, и дали Трајковски да се најде во првиот состав.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА