„Македонија ужива во најубавите денови во нејзината фудбалска историја“

Фудбалската репрезентација на Македонија на 13. јуни против Австрија ќе го има дебитантскиот настап на Европските првенства. Исотрискиот меч ќе се игра на „Букурешт арената“ во Романија, а балканските медиуми со големо задоволство пишуваат за големиот успех кој го направија Горан Пандев и другарите.

Хрватски РТЛ пишува дека ова се најубавите години во фудбалската историја на Македонија и дека фудбалерите во мечевите на ЕВРО 2020 треба само да уживаат.

„На ова Европско првенство Македонците пред се ќе уживаат. Првпат се на вакво натпреварување и навистина е штета што поради пандемијата нема да ја почувствуваат жешката атмосфера на трибините. Но, и ова за нив ќе биде посебно доживување“, пишува новинарот на РТЛ, Бранимир Корач. 

Целиот текст може да го прочитате на следниот линк. 

Се вчитува...