Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 19 часот во СРЦ „Кале“ во Скопје го почнува својот пат кон Европското првенство кое во 2029 година ќе се игра во четири земји, Естонија, Шпанија, Словенија и Грција.
Сениорски национален тим, предводен од селекторот Марјан Илиевски, ќе го одигра првиот натпревар од првата, групна, фаза од групата „А“ од претквалификациите за Евробаскeтот 2029 година, против селекцијата на Азербејџан.
Меѓу нив и Андреј Јакимовски, кој откако долго време не можеше да одговори на повиок во националниот тим, сега по враќањето од САД во Европа и потписот со италијанскиот Тренто, играње во Еврокупот, во силната Лега Серија А, повторно и во националниот тим на Македонија.
„Задоволство ми е повторно да бидам со репрезентацијата, како што знаете по одреден период конечно сум тука, и сакам да помогнам. Сакам да почнеме од некаде, ни следат два важни мечеви во претквалификациите за Европското првенство“ – истакна Јакимовски пред дуелот со Азербејџан.

Повратникот во нашата најдобра селекција зрачи со оптимизам во пресрет на првите предизвици, дуелите со Азербејџан во Скопје, и со Ирска во Даблин, три дена подоцна.
„Максимално сум фокусиран на првиот меч со Азербејџан, ги повикувам сите и целата јавност да дојде да ни даде поддршка. Ова е прв чекор кон нашата цел, а тоа е да бидеме дел од Европското првенство во 2029 година. Поради оправдани причини во изминатите години не можев да бидам тука, но сега сум во Европа. и исправен сум, спремен да помогнам на репрезентацијата, на тимот и на селекторот“ – порачува еден од нашите адути во оваа претквалификациска трка.
Влезот за денешниот натпревар против Азербејџан во салата СРЦ „Кале“ во Скопје (19 часот) ќе биде слободен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

