На секој фудбалски натпревар од минатата сезона во Првата македонска фудбалска лига, бил покажан 5,8 жолти или црвени картони, што ја прави Македонија вицешампион во оваа категорија. Пред Македонија е само Молдавија, каде биле покажани 5,9 картони по меч.
Најмалку картони биле покажани во првенството на Норвешка, односно 2,4 по меч.
Македонското првенство исто така е вицепрвак по победи на домаќините во Европа. Дури 53% победи во минатото првенство биле остварени од одмаќините. Прва во оваа категорија е БИХ, каде дури 56% од дуелите ги добиле домашните екипи.
Македонија исто така е на првото место, заедно со Албанија по најмал број на голови постигнати на еден натпревар, односно само 2,3 по меч, и е на исто место со Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА