Очајните настапи на македонските екипи на европската сцена изминатите години ја доведоа Македонија до дното на листата на клупскиот рејтинг на УЕФА.
Македонија е во последната рејтинг група, согласно коефициентот на клупскиот фудбал, заедно со Андора, Белорусија, Гибралтар и Сан Марино. И, од 53-та позиција, од вкупно 55 европски земји, ќе ја почна нова европска сезона ова лето.
Па, Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите, и Вардар, Работнички и Силекс во квалификациите за УЕФА Конференциската лига, ова лето ќе се борат за подобрување на македонскиот клупски рејтинг во Европа. Од настапите на македонските екипи ова лето, и бројот на освоени бодови низ европските натпревари, ќе зависи и бројот на екипите кои Македонија во иднина ќе ги има на европската фудбалска сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

