Европската куќа на фудбалот (УЕФА) со промотивен материјал за македонската фудбалска репрезентација која ја издвојува во фокусот како дебитант на престојното Европско првенство.
Анализирајќи ги главните детали за македонскиот национален тим, УЕФА ги издвојува капитенот Горан Пандев како и фудбалерот на шпански Леванте, Енис Барди како клучни фудбалери во македонската репрезентација.
Издвоен е секако и македонскиот селектор Игор Ангеловски како најуспешен во историјата на сениорскиот национален тим со 20 победи, 10 ремија и 15 порази зад своето име на клупата на А-репрезентацијата.
И според УЕФА најзначен погодок во историјата на македонскиот фудбал е издвоен оној на Горан Пандев во Тбилиси против Грузија во финалето од Лигата на нации, а кој не однесе до Европското првенство.
Комплетниот промотивен материјал на УЕФА може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

