Македонија во група со Португалија, Холандија и Андора во футсал квалификациите за ЕП 2026

Македонската футсал репрезентација се најде во групата 7 заедно со Португалија, Холандија и Андора, за квалификациите за пласман на УЕФА футсал ЕУРО 2026.

Вкупно 40 репрезентации ќе се борат за пласман на ЕП 2026, низ квалификациите кои ќе се играат од декември 2024 до април 2025 година.

Летонија и Литванија како организатори на ЕП 2026 обезбедија по едно место автоматски, додека десетте победници на групите ќе се квалификуваат за овој настан, а осумте второпласирани во групата ќе играат во плеј-оф.

Квалификациските натпревари започнуваат на 9. декември 2024 година и завршуваат во април 2025 година.

Европското првенство во футсал во Летонија и Литванија започнува на 18. јануари, а завршува на 8. февруари 2026 година.

Се вчитува...