Македонската репрезентација на 28. март, со почеток од 18 часот, ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Белорусија на „Телеком арената“ во Скопје.
Најдобрата македонска репрезентација на 24. март со натпреварот на гостински терен против Лихтенштајн го продолжува квалификацискиот циклус за пласман на СП 2018 во Русија, а четири дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар против Белорусија во Скопје.
Македонија и Белорусија беа во иста квалификациска група за пласман на ЕП 2016 година. Белорусите славеа во Скопје со 2-1, а во Минск одигравме без голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА