Македонија во наградната игра за бесплатен викенд на Ф4 во Келн

Спонзорот на ракометната Лига на шампионите, словенечката фимра „Горење“ им овозможува на фановите што живеат во Франција, Македонија, Германија и во Словенија да учествуваат во наградната игра и да присуствуваат на доделувањето на медалите на Ф4 турнирот во Келн на 27 мај.

„Горење“ кој е еден од регионалните премиум спонзори на ЛШ на четворица најсреќни фанови ќе им овозможи да присуствуваат на завршниот турнир и да учествуваат во церемонијата на доделувањето на медалите на нивните омилени екипи. Среќните добитници ќе можат со себе да поведат уште еден во придружба и со обезбедени патни троѓоци, сместување во Келн и бесплатни влезници.

За титулата во ЛШ на годинашниот Ф4 турнир во Келн (26/27 мај) ќе се борат актуелниот шампион Вардар и трите француски екипи – ПСЖ, Монпелје и Нант.

Наградната игра трае до 17 мај, а среќните добитници на патување во Келн ќе бидат објавени на 18 мај. Деталите за наградната игра на „Горење“ може да ги најдете ОВДЕ.

Се вчитува...