Македонската репрезентација во најсилниот можен состав ќе настапи на пријателскиот натпревар против Словенија кој се игра од 18 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Во нападот селекторот Игор Ангеловски на Словенците ќе им се спротистави со Пандев, Трајковски и Елмас, а во средниот ред ќе бидат Адеми и Николов, заедно со Алиоски и Стефан Ристовски по крилните позиции.
Во одбраната стандардно ќе бидат Бејтулаи, Велковски и Муслиу, отсуство на Кире Ристевски на левата крилна позиција, а пред голот на Столе Димитриевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА