Македонската тениска репрезентација обезбеди пласман во полуфиналето на натпреварите од Третата европска зона кои се играат во Созопол, Бугарија, откако во одлучувачкиот меч за првото место во Групата Б славеше со 2-0 против носителот на групата Молдавија.
По победата на Димитар Грабул и водството на Македонија од 1-0, во вториот меч кој денеска се одигруваше Томислав Јотовски експресно славеше против Андреи Циумак со 6-3,6-2, за конечна победа од 2-0 на Македонија.
По ова, македонската Дејвискуп селекција го освои првото место во групата, и во полуфиналето кое се очекува да стартува денеска околу 12 часот, ќе се соочи со репрезентацијата на Луксембург која, пак, беше најдобра во Групата Ц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА