Македонија во последниот шешир во ждрепката за квалификации за СП

Македонската кошаркарска репрезентација ќе се најде меѓу аутсајдерите во последниот шешир од извлекувањето на групите за квалификациите за СП 2023 што ќе се одржи во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Нашите кошаркари славеа на претквалификацискиот турнир во Скопје пред Словачка и Швајцарија, што им обезбеди место во главните квалификации. Ждрепката е закажана за 31 август во 12 часот и ќе се одржи во швајцарскиот град Миес.

Објавени беа и пропозициите на квалификациите, на ждрепката ќе бидат извлечени осум групи од по четири селекции, а Македонија нема да може да се сретне со Португалија, Шведска и Словачка. Од четирите, пласман во следната рунда од квалификациите ќе обезбедат трите најдобри селекции од секоја група, кои ќе ги пренесат и освоените бодови.

 

ШЕШИР 1: Шпанија, Франција, Словенија, Србија.

ШЕШИР 2: Литванија, Грција, Италија, Германија.

ШЕШИР 3: Чешка, Полска, Русија, Турција.

ШЕШИР 4: Хрватска, Украина, Летонија, Црна Гора.

ШЕШИР 5: Финска, Грузија, Белгија, Унгарија.

ШЕШИР 6: Израел, БиХ, Велика Британија, Холандија.

ШЕШИР 7: Исланд, Естонија, Бугарија, Белорусија.

ШЕШИР 8: МАКЕДОНИЈА, Словачка, Португалија, Шведска.

Се вчитува...