Ракометната репрезентација на Македонија со три порази ја заврши групната фаза на Светското првенство во Шведска и Полска. Сепак, настапот на нашите ракометари на овој шампионат тука не завршува бидејќи тие ќе бидат дел од „Президент купот“ каде ќе разигруваат за пласман од 25. до 32. место.
Македонија ќе игра во групата 2 каде за противници ќе ги има Алжир, Мароко и најверојатно Тунис кој доколку сака да се пласира во главната фаза ќе мора да го изненади актуелниот шампион Данска. Натпреварите од „Президент купот“ ги почнуваме против Алжирците, а дуелот е закажан за 19. јануари.
Президент Купот ќе се игра во Плоцк. Најдобрите во двете групи ќе играат за 25. место, вторите за 27. место, третите за 29., а последните за 31. место.
Президент Куп, распоред:
Група 2 (Орлен Арена, Плоцк)
Алжир – Македонија (19 јануари, 15:30)
Мароко – Тунис/Белгија (19 јануари, 18:00)
Алжир – Мароко (21 јануари, 15:30)
Македонија – Тунис/Белгија (21 јануари, 18:00)
Тунис/Белгија – Алжир (23 јануари, 15:30)
Македонија – Мароко (23 јануари, 18:00)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА