Женската ракометна репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе го очекува извлекувањето на групите за квалификациите за ЕП 2020, што ќе се одржи на 4 април во Копенхаген.
ЕХФ денеска го обелодени изгледот на шеширите, а нашите ракометарки за противник нема да можат да ја добијат Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина или Италија.
Почетокот на овие квалификации е закажан за месец септемви, а пласман на ЕП 2020 ќе обезбедат двете најдобри репрезентации од секоја група.
ШЕШИР 1: Франција, Холандија, Русија, Шведска, Романија, Црна Гора, Германија.
ШЕШИР 2: Србија, Чешка, Унгарија, Шпанија, Словенија, Полска, Хрватска
ШЕШИР 3: МАКЕДОНИЈА, Австрија, Белорусија, Словачка, Турција, Украина, Италија.
ШЕШИР 4: Швајцарија, Исланд, Португалија, Литванија, Ф. Острови, Косово, победник од претквалификациите.
Претходно, Македонија во месец јуни ја очекува бараж-двомечот со Словенија за пласман на СП 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА