Македонија ќе се најде во третиот шешир на утрешниот ждреб за извлекување на групите за младинскиот ракометен мундијал што од 18 до 30 јули годинава ќе се одржи во Алжир. Извлекувањето ќе се удржи утре со почеток во 16 часот во Базел, a крај Македонија во истиот шешир се наоѓаат уште и Катар, Алжир и Фарските острови, селекции што нема да можеме да ги добиеме за противници во групната фаза.
Носители при ждребот се репрезентациите на Шпанија, Франција, Германија и Хрватска, а од последниот шешир би можеле да добиеме лесен ривал како Чиле или Мароко, или пак пеколно тежок предизвик доколку среќата не биде наклонета, па треба да се сретнеме со Русија или со Шведска.
Шешир 1: Шпанија, Германија, Хрватска и Франција
Шешир 2: Тунис, Норвешка, Данска и Исланд
Шешир 3: Македонија, Алжир, Фарски Острови и Катар
Шешир 4: Унгарија, Египет, Саудиска Арабија и Бразил
Шешир 5: Словенија, Буркина Фасо, Јужна Кореја и Аргентина
Шешир 6: Русија, Мароко, Шведска и Чиле
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА