Одбојкарската репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз во подготовките за Европското првенство откако вечерва загубија од репрезентацијата на Јапонија која во Струмица е дојдена со својот втор тим во трилер-меч со 3-2, по сетови 25-23, 17-25, 30-32, 25-23 и 15-13.
Првиот сет ни донесе голема неизвесност, а на крајот Јапонците беа посконцентрирани во клучните моменти па го добија со 25-23.
Избраниците на Јошко Миленковски одиграа неверојатно во вториот сет кој го добија со 25-17 и со тоа израмнија на 1-1. Неверојатен трилер ни донесе третиот сет во кој дури по тешка борба славеа спартанците со 32-30 и со тоа поведоа со 2-1. Јапонците беа повторно подобри со 25-23 во четвртиот сет, па победникот мораше да се реши во тај-брејкот.
Таму, Јапонците беа подобри со 15-13 за конечен триумф од 3-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА