Македонија во вторник со бесмислен меч против Ирска во Даблин

Македонската репрезентација во недела ќе одигра уште еден „ревијален“ натпревар во мартовскиот календар. Откако загуби од Данска во Копенхаген убедливо со 4-0 и ги загуби шансите за пласман на Мундијалот, Македонија ќе игра во вторник (31. март од 20:45 часот) против Република Ирска во Даблин, која вечерва беше поразена од Чешка, по изведувањето на пенали.

Ирците имаа предност од 2-0, а потоа Чесите успеаја да се вратат и да израмнат на 2-2, по што мечот замина во продолженија.

Ниту таму немаше промена на резултатот, па мораше да се изведуваат пенали. Херој на чешкиот национален тим е Матеј Ковар кој одбрани два пенали, а Чесите реализираа четири удари од белата точка и си закажаа меч против Данска.

Двете поразени екипи од полуфиналниот бараж, во момент кога се далеку од желни за игра, ќе го играат најбесмислениот натпревар, исклучиво за ТВ права и покривање на ФИФА терминот.

Се вчитува...