Македонија воодушевува – ракометна уметност (видео)

Македонските ракометари се врааќаат назад во татковината откако го освоија третото место во групата, значаен успех особено ако се земе во предвид ремито со Португалија, која пак синоќа го зеде скалпот на големиот фаворит Данска во дербито во Хернинг.

„Црвено-жолтите“ прикажаа одличен ракомет, па така го имаа најатрактивниот потег и на вчерашниот дуел со Романија.

Костески го постигна победничкиот погодок, но исто така беше стрелец и на најубавиот гол на натпреварот, откако со цепелин, на асистенција на Иван Џонов го совлада романскиот голман.

„Дел од македонската уметност“, го опиша ЕХФ ова ремек-дело на нашите репрезентативци во Данска.

Се вчитува...