Подмладената македонска женска репрезентација, без двете најдобри наши тенисерки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска, загуби во првото коло на Фед-куп натпреварите од Третата евроафриканска зона кои се играат во Кишињев, Молдавија.
Македонија на стартот загуби од Тунис, откако бевме поразени во двата натпревари во поединечна конкуренција. Нора Христовска загуби од Кира Бехриз со 2-6,3-6, додека Катарина Маринковиќ загуби од Онс Жабер со 1-6,1-2, предавајќи го мечот поради повреда во вториот сет.
Натпреварот во двојки е само формален, во кој Нора Христовска и Викторија Веселинова ќе играат против Бехри/ Бузгару.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА