Македонија закажа „тест“ против учесник на Мундијалот!?

Македонската репрезентација на крајот на мај или почетокот на јуни ќе одигра контролна средба против Босна и Херцеговина, пренесуваат тамошните медиуми. Ова ќе биде загревање за БиХ пред учеството на Светското првенство 2026 година.

Оваа селекција по изведувањето на пенали ја елиминираше Италија во финалниот бараж, и обезбеди второ учество на Мундијалите, после 2014 година и пласманот во Бразил.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Асим Ферхатовиќ-Хасе“ во Сараево, и тоа ќе биде првиот натпревар на оваа селекција на овој стадион после шест години. Мечот би требало да се игра или на 31. мај, или на 1. јуни.

Македонија треба да одигра уште една контрола во тој период, а противникот ќе биде дополнително познат.

Се вчитува...