Македонија засилена под обрачите против Романија и Унгарија: Се враќа Џејкоб Вајли

Македонската кошаркарска репрезентација ја очекува нов претквалификациски циклус во кој влегуваме со големи промени од селекторското место па се до играчкиот кадар.

И покрај тоа што се очекуваше Македонија на натпреварите против Романија и Унгарија кои ќе бидат одиграни во месец август да настапи без натурализиран играч, тоа нема да биде случај бидејќи новото раководство на КФМ направи напор дел од составот да биде центарот Џејкоб Вајли кој со успех го носеше дресот на Македонија во минатото.

„Се надевавме дека дел од репрезентацијата ќе биде и Ненад Димитријевиќ, но за жал тој нема да игра во овој циклус бидејќи дава приоритет на клупски ангажман кој се уште го нема. Ние како стручен штаб и луѓето од федерацијата бевме расположени тој да биде на овој прв наш турнир и сакаме да кажеме дека тој е некој на кој ќе се темели оваа репрезентација. За него отворени се вратите за репрезентативни настапи“, изјави селекторот Марјан Илиевски.

Промената во однос на Ти-Џеј Шортс не се темели само на одбивање на повик на новиот кошаркар на Панатинаикос, туку и потребите на составот од „засилување“ во рекетот.

„Ќе се приклучи Вајли бидејќи ценевме дека со играњето на Димитријевиќ и останатите бекови во репрезентацијата таа е позицијата која требаше да ја покриеме“, додава новиот селектор.

Се вчитува...