Македонија знае да победува пред гевгелиската публика (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација натпреварите од претквалификациите за Евробаскетот 2025 ги продолжува во четврток од 19 часот во Гевгелија каде силите ќе си ги одмери против главниот противник за првото место во групата, Норвешка.

Со оглед на тоа што само првопласираниот во групата патува директно во квалификациите за континенталниот собир, дуелот со Норвежаните е огромно значење. Одбраната на домашниот терен, со што подобра кош разлика пред гостувањето во скандинавската држава е цел на нашите кошаркари, но за тоа ќе им биде потребна и поддршка од публиката.

Репрезентативната кошарка се враќа во „26ти Април“ по речиси четири, а „црвено-жолтите“ на крилја на гевгеличани знаат како се победува. Во единствениот дуел одигран во градот на југот во 2018 година, без многу маки Македонија славеше против Косово во дуел кој беше клучен за минување на тогашните претквалификации за Евробаскетот 2021.

Цената на билетот за средбите против скандинавските држави изнесува 100 денари, а истите можат да бидат набавени на билетарницата на салата „26.април“ во Гевгелија од 9. до 16. часот.

Се вчитува...