Македонската женска ракометна репрезентација вечерва го игра првиот од двата натпревари против Белгија во квалификациите за пласман на ЕП 2026.
Репрезентативките, предводени од селекторот Кристијан Грчевски, низ максимално позитивна атмосфера ја очекуваат денешната пресметка верувајќи дека може да се дојде до победа како позитивен имплус пред реваншот кој за три дена се игра во Куманово.
Нашите репрезентативки Ива Младеновска, Андреа Седлоска и Борјана Коцева со изјава пред денешниот натпревар против Белгија, повикуваат на поддршка од целата македонска спортска јавност.
„Атмосферата во националниот тим е навистина позитивна. Знаеме дека не чека тежок натпревар, но подготвени сме за победа. Бидете со нас“ – порачаа македонските репрезентативки.
Денешниот натпревар меѓу Белгија и Македонија се игра со почеток од 20:10 часот. Вториот натпревар ќе се игра во сабота во Куманово, а билетите веќе се во продажба по цена од 100 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

