Македонска химна се слушаше на турнир во мечување во Нови Сад

Македонските мечувалци викендов настапија на Меѓународниот турнир во Нови Сад во  Србија. Најголем успех постигнаа членовите на Мечувалечкиот клуб „Ескрим“ од Скопје, во категоријата јуниори. Петар Дамјаноски го освои првото место, додека Павел Трпковски освои бронзен медал.

Освен тие двајца, Реиф Филер член на Мечувалечкиот клуб Борец од Скопје исто така се искачи на победничкиот подиум со освојување на сребрен медал во категоријата кадети.

Селекторот на македонската репрезентација, Билјана Кузмановска Николовска изјави дека овој турнир беше одлична проверка на формата на Петар Дамјаноски кој следната недела ќе патува во Рио Де Жанеиро во Бразил на Светското првенство за јуниори. Таму веќе отпатува Огнен Бундалески, кој ќе учествува и на тренинг камп пред првенството.

М. М

Се вчитува...