Не станува збор само за победата од 13 гола разлика против селекцијата од која пред осум месеци загубивме со „минус седум“. Не е за головите на Кире, кои сме ги имале секогаш кога е неопходно, ниту за одбраните на Борко, кои се во многу поголем број откако Раул седна на клупата, туку за едноставниот факт – Македонија личи на сериозна репрезентација.
Буквално сите играчи го потенцираат истото – сега секој точно знае што треба да прави. А кога тоа ќе се каже „со убаво“, очигледно и многу полесно се разбира. „Отпишаните“ блескаат во вистински момент, младите играат на високо ниво и истовремено добиваат на искуство, оние најискусните добиваат поштеда за да ги сочуваат силите.
Раул Гонзалес дефинитивно знае што право со македонскиот национален тим, а кога постави ваква игра со вкупно десетина дена тренинзи, јасно е зошто оптимизмот е уште поголем ако се знае дека тој ќе има доволно време за целосни подготовки пред ЕП во Хрватска.
Ракометот во нашата држава доживува ренесанса во оваа 2017 година, нека продолжи со исто темпо и во новата 2018.
[new_royalslider id=”692″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА