Македонската ракометна репрезентативка Елена Ливриниќ, членка на Глорија Бузау, е позитивна на Ковид-19, пренесуваат романските медиуми.
Ова е втор случај на коронавирус во женската ракометна лига во Романија, откако претходно ракометарка на Крајова беше позитивна на тестовите на Ковид-19. Сега, за жал, и македонската ракометарка која летово од Рапид Букурешт се пресели во Глорија Бузау.
Пред почетокот на подготовките за новата сезона, сите ракометарки на Глорија беа тестирани на коронавирусот а единствено кај 25-годишната Ливриниќ тестот е позитивен.
Македонската репрезентативка сега е во карантин, во домашна изолација, а во самоизолација ќе бидат и нејзината цимерка Патришија Морару и двајца членови на стручниот штаб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА