Македонска „рапсодија“ со пет гола, сонот за Мундијал се претвора во јаве (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија со победа од 5-0 над Лихтенштајн, имаше успешни септемвриски квалификациски циклус. Сега од првата позиција ќе ги чека последните три натпревари, против Белгија на гости, потоа со Казахстан дома, и со Велс на гостински терен.

Од тие три меча зависи пласманот на Мундијал, кој ќе биде историски за нашата репрезентација. Момците на Благоја Милевски во првиот дел како да беа малку без жар и желба, но сликата се смени во вториот дел.

И покрај тоа, во првото полувреме Елмас постигна прекрасно ремек-дело, а потоа во второто полувреме целосна рапсодија, четири гола преку Барди, Чурлинов, Ќамили и Станковски. Очекувана победа, за подобра атмосфера пред решавачките пресметки во октомври и ноември. Нека бидат среќни и да се радуваме на Мундијал.

Се вчитува...