Македонската атлетика со најголем број рекорди и највисок пласман досега на Европското екипно првенство

Македонската атлетска репрезентација оствари историски настап на Европското тимско првенство – Трета лига во Марибор, Словенија, завршувајќи на 8. место со рекордни 270.5 бодови – најдобар учинок во досегашната историја.

Сумирајќи ги резултатите од настапот на националниот тим, првиот ден беше одбележан со победи на Андреас Трајковски (скок во далечина, 7.83м) и Дарио Ивановски (5000 метри, 14:04.06), национален рекорд на Миљана Ристиќ на 3000 метри-стиплчес (11:49.49), личен рекорд и бронза за Брајан Авиа (скок во височина, 2.06 см), како и нов национален рекорд на штафетата 4×100м (40.89 секунди) со освоено второ место.

Вториот ден донесе уште еден исторски момент и тоа рушење на рекорд стар 57 години во скок со стап од страна на Огнен Стефановски (4.05м), како и нов младински рекорд во фрлање кладиво за жени од Теа Алексовска (38.74м).

Вкупно беа соборени четири национални рекорди и десетина останати лични рекорди во различни дисциплини и со ова македонските атлетичар(к)и и атлетичарки испратија силна порака дека и тоа како има потенцијал овој наш спорт за далеку поуспешни настапи во иднина.

Се вчитува...