Македонската експедиција отпатува на Зимскиот олимписки фестивал во Грузија

Македонската експедиција денеска отпатува за грузија, каде ќе биде дел од Зимскиот младински олимпски фестивал што од 9 до 16 февруари ќе се одржи во градот Бакуирани.

Боите на Македонија на ова натпреварување ќе ги бранат: Евгениј Ристевски (Snowboard Slopestyle и Big Air), Ангела Ристевска (Snowboard Slopestyle и Big Air), Петар Гиноски (биатлон), Виктор Чакаровски (Cross Country Skiing – 10 km individual).

„За спортот имам голема желба и биатлон е за мене најдобриот зимски олимписки спорт. Во Бакуриани ќе дадам сѐ од себе и се надевам на добар резултат! 💪🔥 За понатаму се стремам кон уште повеќе добри резултати, кои можам да ги постигнам со напорна работа и желба“, изјави Петар Гиноски пред заминувањето за Грузија.

„Пред сѐ имам чест да се претставам лично, а да ја претставам и својата земја во дисциплините slopestyle и big air на олимпискиот фестивал кој ги собира младите спортисти од цела Европа. Конкуренцијата ќе биде голема, знаејќи го фактот за постоење на добри услови за тренинг во поголем дел од Европа за оваа дисциплина, но досегашните кампови и мојата упорност се надевам дека ќе дадат придонес во сѐ што сакам да постигнам. Ова за мене ќе биде, секако, голем чекор напред на мојот спортски пат“, истакна Ангела Ристевска.

Се вчитува...