ЕКИПА во Хрватска,
Стеван Цаневски
Македонската „Фаланга“, како и секогаш кога е во прашање ракометната репрезентација, и тоа како знае да ја загрее атмосферата пред настапите на националниот тим.
Така е и денеска пред дебито на Македонија на Светското првенство 2025. „Фалангата“ на вистински начин го разбуди Вараждин пред дуелот на македонската репрезентација со селекцијата на Унгарија.
Еуфорија каква ретко се доживува денеска во фан-зоната на националниот тим во Вараждин, за максимално позитивна атмосфера во очекување на дуелот кој стартува од 20:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА