Македонската футсал селекција ја победи Црна Гора во Никшиќ

Македонската А футсал репрезентација забележа победа на првиот контролен натпревар против Црна Гора.

Дуелот одигран во Никшиќ мина во македонска доминација, со триумф од 0-2. Првото полувреме заврши со предност за Македонија. Голот за предност го постигна Драган Петровиќ. Во вториот дел Македонија постигна уште еден гол преку Таулант Исмаил за конечни 0-2.

Димитар Јанев имаше добри шанси за гол во првото полувреме, како и Берат Рамадан и Иван Крстевски во вториот дел.

Вториот контролен натпревар против Црна Гора се игра утре од 17 часот.

Се вчитува...