Бобан Илиоски е нов европски шампион во кик-бокс! Македонија повторно има континентален владетел во кик-боксот. Нашиот репрезентативец во финалето на Европското кик бокс првенство за сениори кое се одржува во Атина, Грција, триумфираше против европскиот првак Полјакот Ерик Нивегловски.
Илиоски ја одбрани шампионската титула и златниот медал од пред две години уште еднаш демонстрирајќи дека е еден од најдобрите европски и светски кикбоксери.
„Полјакот беше физички многу јак борец, но му ги најдовме слабите страни. Боби го скенираше од предходните негови борби и примени тактика со која многу не се оптоваруваше, а му направи голема предност и го победи. Боби станува се поискусен борец, проценувајќи ги добро противниците и борејќи се мудро до победите. По вторпат е европски шампион“ – ни изјави селекторот Дејан Митровски – Урко од Атина.
Македонската химна ечеше среде главниот град на Грција по доделувањето на златниот медал на Бобан Илиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА