Престојниов викенд во Сараево, БИХ, во арената на Хотел Хилс Илиџа, ќе се одржи традиционалниот престижен ВАКО-кикбокс натпревар во татами и ринг дисциплините.
На овој престижен натпревар ќе учествуваат 13 земји претставувани од 726 натпреварувачи.
Репрезентацијата на Македонија е составена од 32 натпреварувачи од 9 кикбокс клубови и 13 тренери и официјални лица и тоа: КБК Шампион Скопје со 7 натпреварувачи, КБК Тим Зоран Струмица со 9, КБК Работнички Адора Скопје со 6, КБК Гладијатор Неготино со 3, КБК Максам тим Прилеп и КБК Лидер Виница со по 2 натпреварувачи како и КБК Самурај Битола, КБК АС Делчево и КБК Гладијатор фајт Штип со по еден натпреварувач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА