Македонската кикбокс Маи Таи федерација од денеска па до 2. април ќе учествува на Европскиот куп „Србија Опен 2023“ во Белград, Србија.
Македонската репрезентација е составена од 117 членови од кои 90 кикбоксер(к)и и 27 тренери, предводена од претседателот Дејан Митровски – Урко.
„Овие купови се масовно посетени од голем број борци од елитните европски кикбокс земји. Токму поради тоа се добар тест да видиме до каде се подготвени нашите натпреварувачи. Овие силни купови се одлични и за стекнување искуство и рутина во борбите со искусни и квалитетни борци“ – ни изјави првиот човек на МКМТФ, Дејан Митровски – Урко, пред заминувањето за Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА