„Македонската“ Констанца ја освои Шпанија

Никола Митревски повторно беше во главна улога во тимот на Констанца, помагајќи му на романскиот клуб на гостински терен да го земе скалпот на шпанскиот претставник Куенка, совладувајќи го со 26-28. Една седмица откако истиот ривал беше совладан во Романија, екипата на Констанца предводена од Звонко Шундовски стигна до нов успех во ЕХФ-купот, зацврстувајќи се на второто место во групата.

Клучен беше пресвртот во последните десетина минути, во кои по водството на Куенка ог 24-22 следеше серија од 1-5 на Констанца, по што Митревски и соиграчите на крајот заслужено се радуваа на победата.

Покрај голманот Митревски и тренерот Шундовски, за Констанца настапува уште еден македонски репрезентативец, Велко Маркоски, а директор на овој клуб е Бранислав Ангеловски.

Се вчитува...