Во очекување на стартот на Европското ракометно првенство 2026 во Данска, Шведска и Норвешка, легендарниот српски репрезентативец Никола Манојловиќ разговараше за „Моцарт спорт“ споделувајќи ги очекувањата од престојниот собир на најдобрите на Стариот континент.
Манојловиќ, меѓу другото, се осврна и околу ставот на поголемот дел ракометни стручњаци од регионот за македонскиот шампионат, кои тврдат дека Македонија последниве години има убедливо најдобра лига на Балканот и пошироко со четири квалитетни клубови како Вардар, Пелистер, Алкалоид и Охрид.
Но, Манојловиќ вели дека српската лига е најдобра во регионот на поранешна Југославија.
„Можеби многумина нема да се согласат, но според мене македонската лига не е најдобрата на Балканот како што тврдат. Ајде нека се соочат Вардар и Пелистер со нашите најдобри клубови, Партизан и Војводина, па да ги одмериме силите. Тогаш мислам дека ќе видиме сите… Еден добар клуб во една лига не носи ништо добро. Видете го примерот со Словачка, Полска, Словенија, Македонија… Вардар двапати беше европски шампион а тоа не донесе некакви резултати за Македонија на репрезентативен план“ – вели Манојловиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

