Македонската пинг-понг репрезентација на Европското првенство во Линц

Од утре па до 20. октомври во Линц, Австрија се одржува сениорското Европско пинг-понг првенство во индивидуална категорија и категорија на двојки.

Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат неколкугодишните државни прваци Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка и Амелија Уце Николов од ППК Шампион Фа. Тие ќе се натпреваруваат во поединечна категорија, категорија на двојки и категорија на мешани двојки.

Македонската репрезентација во Линц е предводена од селекторот и тренер, Сашко Богатинов.

Се вчитува...