Македонската ракометна репрезентативка Ивана Гакидова реши да ја продолжи својата кариера во Романија, потпишувајќи договор со екипата на Слатина.
Искусната 29-годишна ракометарка ја мина ланската сезона во Анталија, договорот во турскиот клуб и истекуваше, а од неколкуте понуди на маса ја избра онаа на Слатина.
„Пивотот Ивана Гакидова (29 години) се приклучува на нашиот проект летово. Доаѓа од Македонија, со бројни настапи за својата репрезентација. Ивана настапуваше во првата турска лига за Анталија, а во сезоната 2022/23 стигна и до трофејот во ЕХФ Европската лига, успевајќи да постигне 30 гола во ова натпреварување“, се пофали Слатина со трансферот на Македонката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА