Македонската репрезентација во традиционално карате од денеска па до 30. октомври ќе учествува на 36-от. ЕТКФ ЕВРОПСКИ ШАМПИОНАТ во традиционално карате во Ново Место, Словенија.
За Македонија ќе настапат следните натпреварувачи: Камелија Недев, Матеј Мангаровски, Филип Недев, Георги Кокорманов, Софија Јарчевска и Максим Поп Трпев. Натпреварите ќе се одржат во сите возрасни категории во поединечна и екипна конкуренција.
Нашата репрезентација ја предводи Дејан Недев, а на шампионатот ќе учествуваат повеќе од 600 каратисти од 24 земји од цела Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА