Македонските фудбалски репрезентации и натаму ќе бидат облекувани од реномираната германска компанија за спортска опрема ЈАКО.
И покрај претходната можност за договор со италијанскиот произведувач на опрема „Макрон“, Фудбалската федерација на Македонија се одлучи да ја одбие понудата на „Макрон“, и во иднина да го продолжи договорот со ЈАКО, кој е официјален добавувач на опрема на македонските селекции од 2014 година.
Договорот со ЈАКО истекува оваа година, но од ФФМ, како што дознаваме, се и дефинитивно одлучни да се продолжи соработката па македонската репрезентација и во баражот за пласман на СП 2022 против Италија во март ќе игра со опремата на ЈАКО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА