Македонската женска тениска репрезентација предводена од најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа утре патува во Хелсинки, Финска, каде од 15. до 20. април ќе се играат ФЕД-КУП натпреварите.
Изминатиов период нашата селекција имаше подготовки за настапот во Финска, кои се одржаа на терените на Тенискиот клуб Тениска Академија-Скопје.
Извлекувањето на групите ќе се одржи во недела (14. април) во 12 часот, а натпреварите од групите започнуваат од понеделник (15. април). Фед Куп натпреварите се играат на терените на тенискиот центар Тали во Хелсинки, во хала на тврда подлога.
Македонската репрезентација патува во следниот состав:
1. Лина Ѓорческа – 385 на ВТА
2. Магдалена Стоилковска – 1285 на ИТФ за жени
3. Ана Ристевска- нема ВТА и ИТФ ранг за жени
4. Александра Симева- нема ВТА и ИТФ ранг за жени
Капитен и селектор: Димитар Лабудовиќ
На Фед-куп натпреварите во Хелсинки ќе настапуваат следните репрезентации:
1. Литванија (ИТФ ранг 65) – носител на групата А
2. Кипар (ИТФ ранг 71) – носител на групата Б
* останатите тимови ќе бидат извлекувани по редослед во групата А и во Групата Б
3. Македонија (ИТФ ранг 77)
4. Финска (ИТФ ранг 77)
5. Малта (ИТФ ранг 81)
6. Алжир (ИТФ ранг 86)
7. Косово (ИТФ ранг 94)
8. Исланд (ИТФ ранг 97)
9. Камерун (ИТФ ранг 99)
10. Конго. (ИТФ ранг –)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА