Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на EТКФ Европски шампионат

Македонската репрезентација во традиционално карате од 30 Мај до 1 Јуни ќе учествува на 37-от. ЕТКФ Европски шампионат во традиционално карате во Неа Мудања, Грција.

За македонската репрезентација ќе настапат: Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски во сениорска конкуренција, Матеј Мангаровски и Камелија Недев во кадетска конкуренција.

Децата ќе настапат во состав: Софија Јарчевска, Филип Недев, Неда Костадиновска, Драган Стојановски, Војдан Паламидовски, Александар Зафировски, Мартина Зафировска, Дамјан Трајковски, Дамјан Раевски, Дамјан Денковски, Георги Кокорманов, Максим Поп Трпев, Тадеј Недев, Филип Денковски и Мила Владев.

Нашата репрезентација е предводена од Венцислав, Дејан, Аљоша и Јадранка Недеви кои на шампионатот ќе бидат во улога на тренери и судии. На ЕП ќе учествуваат 18 земји со над 300 натпреварувачи.

Се вчитува...